Свет

Трамп: Се чувствувам исто како во последните 50 години

79-годишниот Трамп, кој го започна својот втор мандат во јануари, останува најстарата личност што ја презеде функцијата претседател на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „се чувствува исто“ како што се чувствувал во последните „50 години“, истакнувајќи дека ги поминал когнитивните тестови со одлични резултати.

Трамп, исто така, рече дека ќе ја извести нацијата ако неговото здравје почне да се влошува, објави Ен-Би-Си

„Кога ќе дојде тоа време, ќе ве известам. Всушност, веројатно ќе знаете само гледајќи“, рече тој.

„Но, тоа време не е сега, бидејќи се чувствувам исто како што се чувствував во последните 50 години“, нагласи Трамп.

Трамп го критикуваше својот претходник Џо Бајден, велејќи дека поранешниот претседател „не се грижел за ништо, само сакал да го преживее својот мандат“.

79-годишниот Трамп, кој го започна својот втор мандат во јануари, останува најстарата личност што ја презеде функцијата претседател на САД.

Кон крајот на октомври, стана познато дека Доналд Трамп бил подложен на магнетна резонанца.

Недели претходно, личниот лекар на Трамп објави дека резултатите од рутинскиот медицински преглед покажуваат „исклучителна здравствена состојба“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top