Свет

Трамп: „За танго се потребни двајца“

На средба со новинарите во Овалната соба, Трамп истакна дека руската страна „многу силно“ сака да склучи договор за прекин на војната во Украина.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе се сретне денеска со шефот на украинскиот совет за национална безбедност, Рустем Умеров, на разговори во Мајами, потврди Белата куќа.

Средбата доаѓа откако Виткоф помина речиси пет часа на преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во вторникот, за кои Кремљ оцени дека „не донеле компромис“ за завршување на војната во Украина.

Американскиот претседател Трамп рече дека разговорите – на кои присуствувал и неговиот зет Џаред Кушнер – биле „разумно добри“, но додаде дека е прерано да се каже што ќе се случи бидејќи „за танго се потребни двајца“, пренесе Би-Би-Си.

На средба со новинарите во Овалната соба, Трамп не пропушти да истакне дека руската страна „многу силно“ сака да склучи договор за прекин на војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека добил информации од своите пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за тоа како поминале нивните разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Тие веруваат дека Русија сака да го заврши овој конфликт“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top