Свет

Убиен вториот човек на Исламска држава по наредба на Трамп

Абу-Билал ал-Минуки, заменик-командант на ИСИС во светот, ликвидиран во заедничка акција на американските и нигериските сили

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Абу-Билал ал-Минуки, втор човек по команда на Исламска држава во светот, е убиен во операција спроведена од американските и нигериските сили.

„Вечерва, по моја директива, храбрите американски сили и вооружените сили на Нигерија беспрекорно извршија прецизно испланирана и многу сложена мисија за елиминирање на најактивниот терорист во светот од бојното поле“, објави Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.

Абу-Билал ал-Минуки бил цел во Африка откако разузнавачките служби ги следеле неговите движења, додаде претседателот на САД во објавата, не откривајчи ја точната локација на операцијата.

Ал-Минуки, нигериски државјанин, беше прогласен за „специјално означен глобален терорист“ од поранешната американска администрација на експретседателот Џо Бајден во 2023 година, според американскиот Федерален регистар.

Трамп ѝ се заблагодари на нигериската влада за нејзината соработка во операцијата.

САД претходно извршија напади врз милитанти поврзани со Исламска држава во Нигерија во декември. Оттогаш, Вашингтон распореди беспилотни летала и околу 200 војници за обука и за разузнавачка поддршка на нигериските сили.

Американските претставници велат дека распоредувањето останува во неборбена улога, фокусирано на поддршка на локалните антитерористички операции против групи поврзани со ИСИС и Ал Каеда кои се шират низ Западна Африка.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top