Свет

Вооружен напад врз полициска станица во Турција , двајца полицајци загинаа (ВИДЕО18+)

Во Измир, Турција, утрово се случи вооружен напад врз полициска станица

Во Измир, Турција, утрово се случи вооружен напад врз полициска станица, во кој загинаа двајца полицајци, а двајца се ранети.

Инцидентот се случил во населбата Балкова околу 8:30 часот наутро, кога 16-годишниот ученик од трета година средно училиште, Ерен Бигул, дошол пред станицата Салих Ишгорен вооружен со пушка и отворил оган, според турскиот портал НТВ.

По пукањето, Бигул се обидел да избега, но бил совладан од граѓани. Прво бил погоден, а потоа еден минувач го удрил со стол, што помогнало да биде соборен.

Видео од апсењето брзо се прошири на социјалните мрежи.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека напаѓачот е приведен, а министерот за правда Јилмаз Тунч соопшти дека државното обвинителство во Измир започнало детална истрага.

Мотивот за нападот сè уште не е јасен, иако напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах акбар“ (Господ е голем). Јавноста е шокирана што напаѓачот е малолетник кој го зел оружјето од својот дом

https://x.com/Fikirtepeli_83/status/1964978093740699804

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top