Свет

Зеленски: Путин се плаши од ракетите „Томахавк“

Според извор од украинската делегација Зеленски му презентирал на Трамп и „мапи“ со потенцијални цели во Русија што би можеле да бидат погодени

 

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се сретнаа вчера во Белата куќа. Во врска со потенцијалната испорака на американски ракети „Томахавк“ во Украина, Зеленски рече дека е „реалистичен“, дека темата била дискутирана на состанокот, но дека САД не сакаат да предизвикаат „ескалација“ со Москва..

„Русија се плаши од „Томахавците“, навистина се плаши, бидејќи тоа е моќно оружје“, рече Зеленски на прес-конференцијата во петокот, кој му предложи и на Трамп САД да ѝ обезбедат на Украина моќни „Томахавци“, а Украина за возврат да им испорача беспилотни летала на САД.

Иако ја опиша средбата со Трамп како „продуктивна“, Зеленски исто така рече дека „смета на Трамп да изврши притисок врз Путин“.

Тој, исто така, повторно повика на „безбедносни гаранции“ за неговата земја и рече дека е „отворен“ за трилатерален самит со Трамп и Путин за да се обиде да се спречи руската инвазија.

Според извор од украинската делегација во Вашингтон, Зеленски му презентирал на Трамп и „мапи“ со потенцијални цели во Русија што би можеле да бидат погодени.

„На овие мапи, постојат точки на притисок во руската одбрана и воена економија што можат да бидат „таргетирани“ за да се принуди (Владимир) Путин да ја заврши војната“, објасни изворот на новинарите.

Зеленски, исто така, откри дека по средбата со американскиот претседател, разговарал по телефон со европските лидери.

Американскиот претседател Трамп објави на социјалната мрежа Truth дека Зеленски му рекол на состанокот дека е „време да се најде договор за завршување на војната“.

„Средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски беше многу интересна и срдечна, но му реков, како што силно му предложив на претседателот Путин, дека е време да се запре убивањето и да се најде договор“, напиша Трамп, тврдејќи дека двете завојувани страни треба „да престанат таму каде што се“.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top