Тема: ДПА

Алиу: ДПА нема добиено покана за влез во владата, но нема да ја одбие, ако биде упатена

„Поразот на ДУИ на локалните избори не е национална трагедија на Албанците.“ – изјави Имер Алиу, членот на Централното претседателство на ДПА, која попладнево денес одржува Централно собрание.

Тачи ги повикува „сите Албанци да не излегуваат на изборите“ и „им порачува на Македонците“: Нема да се шегувате со нас, Албанците, не сме се предале?!

Дали Мендух Тачи, лидерот на ДПА, партијата која нема воопшто да настапува на овие локални избори, се впушта во „етнички и политички маневри“ на прагот на изборите, само со цел да добие макар некој политички поен во очите на Албанците, без да излегува на избори?!

To top