Тема: Европска унија

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

Фицо: Економијата на ЕУ е во катастрофална состојба, ако не сториме ништо, ќе стане музеј под отворено небо!

Економијата на Европската Унија (ЕУ) е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели, нагласи словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми.

Нема повеќе враќање километража на половните автомобили од ЕУ

Хрватската европратеничка Билјана Борзан поддржа предлог-закон за воведување единствен систем на ниво на Европската Унија за следење на километражата на половни автомобили, со цел да се стави крај на манипулациите со одометрите.

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

To top