Тема: Коридор 10

Нови хотели и брза пруга – Македонија отвора туристички пат кон Грција

Македонија е меѓу ретките држави кои има двоцифрен раст на бројот на туристи. За само една година, воведена е 21 директна авио дестинација од европските метрополи, а само лани преку Македонија транзитирале преку 10 милиони патници. Ова доволно кажува за посветеноста на Владата за развој на туризмот, истакана вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија со огромна подршка од Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ

Се модернизира инфраструктурата на Коридорот 10

Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, иницијативата е веќе прифатена од некои негови колеги од земјите по должината на овој паневропски коридор, а со други ќе се преговара во следниот период.

Брза пруга на Коридор 10, зелени гранични ленти и нови транспортни врски, најави заменик-претседателот на Владата

Според Министерството за транспорт, изградбата на брза пруга на Коридорот 10 ќе значи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа.

Какво ќе биде чувството да се патува со воз од Паланка до Деве Баир низ тунели и мостови?!

Првата делница од пругата кон Бугарија – од Куманово до Бељаковце беше пуштена во јануари годинава, а на втората делница се завршени 30 проценти од градежните работи и веќе е надминат конструкторскиот проблем со столбовите изградени пред 30-ина години на мостовите во близина на Кратово.

To top