Тема: Македонија

Десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија

Попладнево околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удавило во реката Пјаве додека се капело со своите браќа. Пожарникарите и карабинерите веднаш дошле на местото на настанот и операцијата за извлекување на телото од страна на нуркачите од Противпожарната бригада траелa долго. Девојчето, […]

Валчев за неуспехот во ЕП: Видовме дека земја-кандидат може да добие многу подобар третман

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, поднесувач на амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, не престанува да жали за неуспехот да се наметне волјата на неговата земја-членка на Европската унија против соседот-кандидат. „Видовме дека позицијата на земја-членка не ни гарантира прифаќање на нашиот став. Во моментов, […]

Бугарија во следните седмици ќе ѝ помогне на Македонија да почне преговори со ЕУ, најави претседателката на Народното собрание!

Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, најави помош од нејзината земја „во следните седмици“ за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. „Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во која било форма, освен да се придржува кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година и да […]

Бугарски експерт: За нас македонската кауза е неповратно загубена

Денчо Балев, безбедносен експерт од Бугарија, со дијаметрално спротивен став од официјалниот во Софија кога станува збор за евроинтеграцијата на Македонија. „Всушност, она што се случува меѓу Европската унија и Северна Македонија повеќе или помалку ме задоволува. Време е да излеземе од нашите максималистички очекувања и да се соочиме со реалноста. Влезот на СМ во […]

Во Бугарија ја обвинија и еврокомесарката Кос за загубената битка против Македонија во ЕП

Барајќи виновници за неприфатениот амандман за додавање „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ на четири места во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во пристапувањето кон Европската унија во Бугарија го вперија прстот и кон еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Така како што јас го гледам политичкиот процес, предупредив уште во ноември, кога […]

Трајковски, Ивановски и штафетата 4х100 м „златни“ на ЕП во атлетика трета дивизија во Марибор

Андреас Трајковски, Дарио Ивановски и машката штафета 4х100 метри ѝ донесоа на Македонија по максимални 15 поени со триумфите во своите дисциплини на Европското првенство во атлетика трета дивизија во Марибор. Трајковски победи во скок во далечина со 7,83 метри, остварен во петтата серија, кога го престигна дотогаш водечкиот Исланѓанец Инги Егилсон за четири сантиметри. […]

Костадинов од Преродба го честита „колосалниот неуспех“ против Македонија во ЕП и побара оставка од Владата

„Колосалниот неуспех“ на бугарските европратеници да го протуркаат амандманот со кој се додава „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија го искористи лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, за да побара оставка од Владата на Бугарија веднаш. „Извештајот официјално ги признава илјадагодишниот македонски идентитет, јазик и култура, а […]

Бугарски академик: Македонија во ЕУ ќе биде поштетна за нашите интереси отколку Србија во ЕУ!

Иван Илчев, дописен член на Бугарската академија на науките (БАН) и член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, кој пред три години има нагласено дека „не сме браќа со Македонците“, во интервју за тамошниот весник „24 часа“ со уште една неверојатна теза за југозападниот сосед на Бугарија. „Уште пред 4-5 години кажав дека, […]

To top