Тема: ВРЕДИ

Азизи за НАИ на Ахмети и ДУИ: Заради власт подготвени се да поттикнат убиство меѓу народот, меѓуетничка омраза и судир сè до дестабилизација на земјата!

„Залудно ви е, веќе е запечатен вашиот политички крај!“ – им порача преку фејсбук пратеникот во Собранието на Македонија и шеф на Централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азизи на ДУИ на Али Ахмети и другите партии во нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ).

Меџити очекува сигурна победа на локалните избори, предвремени парламентарни нема да има

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој моментално е прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, најавува амбициозна и реална програма со јасна визија за следните 50 години.

Ибрахими: Во октомври ќе заврши серијата „Измами“ на ДУИ, а потоа мнозина од нив ќе можат да ја читаат книгата „Разговор меѓу решетките“ од Исмаил Кадаре!

Остра иронија, но и поука од еден од лидерите на Вреди за челниците на ДУИ: „Да ја прочитаа на време оваа книга на албанскиот писател, немаше да ги прават овие акробации и измами!“

Меџити: Беа Европски фронт, а сега Национална алијанса за интеграција, оти имаат проблем со идентитетот и им бегаат партиите!

Наспроти ироничниот коментар за „идентитетското ребрендирање“ на Али Ахмети и неговите „еврофронтовци“ сега во „национални интегративци“, вицепремиерот и еден од лидерите на Вреди Изет Меџити нагласува дека „Вреди како коалиција никогаш не била поединствена и никогаш не била пообединета“.

To top