Регион

Потресни детали од силување во Сплит: Двајца од напаѓачите Британци со косовско потекло

Регионот вознемирен од грозоморниот случај

Хрватските медиуми пренесуваат потресни детали од силување на девојка во Сплит од страна на тројца Британци од кои двајца се косовско потекло.

Осомничените ја негираат својата вина. Тврдат дека сè се случило без никаква принуда.

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одредил притвор на тројца мажи од Велика Британија осомничени за силување на 28-годишна жена од Сплит во хотелска соба.

Притворот е нареден поради ризик од бегство бидејќи осомничените се државјани на Велика Британија, која не е членка на ЕУ. Еден од осомничените понудил кауција од 30 илјади евра, но таа не била прифатена, пишува порталот Далматински.

 

Осомничените се сретнале со жртвата истата вечер на Матејушка. Таа се возела со мотор со еден од нив, потоа ја прифатила нивната покана и дошла во хотелската соба околу 5:30 часот наутро.

 

Првиот обвинет ја навредил со погрдни зборови, ја гризнал за усните и ја допирал за интимните делови. Оштетената се спротивставила на ваквото однесување и рекла дека ја боли, но првиот обвинет продолжил да ја напаѓа. Тој ѝ го одзел мобилниот телефон на оштетената и ѝ наредил да има сексуален однос со второобвинетиот.

Жртвата се согласила од страв и отишла во соба со вториот обвинет. После тоа, првиот обвинет ја замолил жртвата усно да го задоволи третиот обвинет. Притоа, ја каснал и ја допирал по целото тело. Жртвата се спротивставила, во еден момент успеала да се ослободи и да го повика своето момче на неговиот мобилен телефон.

 

Тој, пак, ја повикал полицијата, која дошла во хотелот и го уапсила еден од осомничените во собата. Другите биле брзо пронајдени. Драмата во хотелската соба траела два часа. Осомничените ја негирале својата вина. Тие тврдат дека сè се случило без никаква принуда.

 

Двајцата се по потекло од Косово, но имаат британско државјанство, пишува порталот Далматинец.

Најнови вести од: Регион

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

To top