Архива за: 29.08.2025

Вицепремиерот добил писмо со 3 куршуми

Српското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека при редовна проверка на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.

Стојаноски : Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 години со СДСМ

Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 години о СДСМ, а инфлацијата е 30% помала, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. – Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6,7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 […]

Нов закон за рударство: Tранспарентен процес, над 100 предлози од јавноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја истакнува транспарентноста и вклученоста како основни принципи во подготовката на новиот Закон за рударство. Законот уште во рана фаза беше јавно објавен на платформата ЕНЕР со цел да биде достапен за увид и анализа од сите засегнати страни, а јавната расправа резултираше со исклучително голем одзив. […]

ВМРО ДПМНЕ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, целосна трансформација и финансиска стабилност на општина Ѓорче Петров

Во развојот на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров имаше најголем исчекор, така што во период од четири години се реконструираа и изградија околу 150 улици и патишта на територија на целата општина.

Трипуновски: Иднината на земјоделското производство во Македонија e да започнат младите да се занимаваат со него

На јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 пријави, од кои се одобрени 117. Ова е само една од мерките, што досега се реализирани. Во 2026 година ќе бидат објавени и нови програми, наменети за младите земјоделци.“ – информира првиот човек на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски.

To top