Архива за: 29.04.2026

(Фото): Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, требало да е директор на фирма за инвестиции

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

(Видео): ИПАРД парите повторно достапни за македонските земјоделци

Средствата од програмата ИПАРД се повторно достапни – објави денеска на вонредна прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски откако во ноември лани Министерството за финансии времено ги стопира исплатите по корупцискиот скандал поврзан со распределба на ИПАРД средствата, во кој беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка.

Петрушевски: Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет!

Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно им наштетува на македонските позиции и црвени линии, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

На продажба некогашните гиганти „Бристол“, „Јадран“, „Пивница“

„Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17.700.000 евра во денарска противвредност, зголемена за сите соодветни јавни давачки, односно даноци“, се вели во предлог-одлуката.

Шатев: Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, што ги крои судбината и цврстината на наредните македонски поколенија!

Под мотото „Чествување за бесмртните“ Општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија. Со серијата бомбашки напади, изведени од 28 април до 1 мај 1903 година во Солун, младите интелектуалци, повеќемината велешани, сакаа да ѝ го свртат вниманието на Европа кон Македонија, поробена од Турците. Павел Шатев, единствениот преживеан од сите нив, во своите „Спомени“ ќе запише: „Таму, во урнатините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да ги збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи ги да живеат над нивните останки македонскиот дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни… Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните македонски поколенија“.

Газдата на изгорениот „Пулс“ Деко нема да оди во куќен притвор, поради негативното мислење на Обвинителството за таквото барање

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. Барање за куќен притвор поднесоа и други обвинети за пожарот во „Пулс“.

(Фото): Милиони се во игра – Кои компании ги направија најголемите добивки во Македонија за 2025?!

На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како Алкалоид и Мега Витал (Зегин) , од електро енергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како Усје Титан, ИГМ Трејд, Кнауф Радика, Конти Хидропласт.

Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце на Шара во 2001, ѕверски масакрирани во заседа

Одборот на бранителите денеска одбележа 25 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза.

Доживотен затвор за Денис Асанов (74) за чудовишното убиство на Борјанка Николова (79) од Штип, на која и ги отсекол главата и нозете, а телото го распарчил

Асанов ја убил Николова и со остар предмет, ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место

„Географијата на економското, животното и политичкото незадоволство“ создава голем отпор кон проширувањето на ЕУ и е закана за нејзиното постоење!

ЕУ се обидува да го унапреди проширувањето како „геополитички императив“, мотивирана главно од желбата да ја прими Украина во своите редови по секоја цена и затоа му дава на проширувањето третман на „геополитичка неопходност“. Но ЕУ се соочува со длабок внатрешен отпор кон проширувањето, поттикнат од „географијата на незадоволство“ во постојните земји-членки. Експертите истакнуваат дека европските региони, што доживуваат долгорочен индустриски пад, висока невработеност, низок квалитет на јавните услуги и на здравството и јавниот транспорт, се главните носители на евроскептицизмот и противници на европската интеграција. Тие европски региони искажуваат негативно расположение против „далечните елити во Брисел“, но и и против приемот на нови држави во ЕУ. Според експертите, „географијата на незадоволство“ многу ги отежнува плановите за проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија. Taa „географија на економско незадоволство“ веќе се претвора и во масовна „географија на животно и политичко незадоволство“ низ целата Европска унија и европскиот континент.

Акција на МВР околу незаконскиот интернет-пазар „OLVX“ во тетовска Голема Речица – ФБИ од САД вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на случајот, заради идентификација на сите вмешани лица и обезбедување релевантни докази, согласно со важечките законски прописи.

To top