Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повика за предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека тие се единственото решение за моменталната ситуација во Македонија.
„Самиот Мицкоски рече дека нè очекуваат тешки денови и тешка година. Единственото решение за земјата е да се оди на предвремени избори“, изјави Ахмети за ТВ 21.
На прашањето дали верува дека ќе се одржат предвремени избори, тој одговори: „Мислам дека нема друго решение освен избори“.