Спорт

Херојски триумф на Еурофарм Пелистер над Гумерсбах во Европската лига

Македонскиот вицепрвак со два гола во финишот со играч помалку стигна до победата од 29:28, прва за битолчани во групата

Со најдобро одиграно (второ) полувреме сезонава, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја добија драмата со Гумерсбах во Битола, славеа со 29:28 над германскиот бундеслигаш и со првата победа во групата Г се вратија во игра за елиминациската фаза.

Малку кој од 2.750 гледачи на трибините во салата „Боро Чурлевски“ веруваше во чудо по водството на гостите од 14:9 на полувреме и 16:11 на стартот од второто, но нивните миленици со пеколна серија прво израмнија на 16:16 во 39. минута.

По исклучувањето на Ник Хенигман не само што во последните две минути играчите на Лино Червар не паднаа, туку и со два гола го свртеа резултатот и на крајот ги однесоа двата бода.

Најзаслужен за големиот триумф е голманот Никола Митревски, кој запиша 15 успешни интервенции, а во нападот се издвои капитенот Филип Кузмановски со 7 гола од 9 удари, пред Саду Нтанзи со 5/5.

По четири одиграни кола битолчани и Ла Риоха имаат по 3 бода, еден помалку од Гумерсбах, а води Вибжеже со 6 во трката по првите две места што водат понатаму.

Во претпоследното коло на 24 ноември од 18:45 ч. во Битола ќе гостува лидерот Вибжеже, а Гумерсбах ќе ја пречека Ла Риоха.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top