Посетата на рускиот и на американскиот претседате во Кина каде учествуваат на форумот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка, отвори прашања дали домакинот, кинескиот претседате Си Џинпинг има различен третман кон Путин, од отворено пријателскиот кон Доналд Трамп.
Имено, рускиот претседател на аеродромот во Шенжен беше пречекан од Каи Чи, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Централниот комитет на Кинеската Комунистичка партија.
За споредба, Кси Џинпинг лично му посака добредојде на американскиот претседател Доналд Трамп на аеродром.
За време на церемонијата за пречек, оркестар ја изведе американската химна за Трамп, додека појавувањето на Путин беше придружено со музика од „Оревокршачката“ на Чајковски.
И за време на заедничкото фотографирање, Трамп застана веднаш до Кси, додека Путин стоеше од другата страна на Пенг Лијуан, сопругата на кинескиот лидер.
Сллична ситуација се случи и за време на гала вечерата на самитот: Си Џинпинк го седна американскиот претседател Доналд Трамп до него, додека рускиот претседател Владимир Путин седеше подалеку од нив, од другата страна на кинеската прва дама Пенг Лијуан.
Според извештајот на независниот руски портал Медуза, советникот на Путин, Јуриј Ушаков, се пожалил дека Путин не можел да разговара со Трамп.
Разликите во третманот може да се видат и на видеото:
Spot the 10 differences, or а short summary of how Xi put Putin in his place pic.twitter.com/JWCMPaAL9N
— NEXTA (@nexta_tv) November 18, 2026