Хроника

Му дале рок за 100.000 евра, па му го запалиле автомобилот – четворица Турци под истрага

Контактирале со оштетениот по телефон и преку директни средби

 Поднесена кривична пријава од СВР Штип против четири турски државјани на возраст од 22 до 25 години. Тие се осомничени за обид за изнуда и предизвикување општа опасност.

Според МВР, осомничените, кои престојувале во Штип и Скопје, во периодот од 9 до 17 ноември 2026 година се обиделе да изнудат пари од друг турски државјанин.

Двајца од нив, кои во моментов се на издржување на затворска казна во Идризово, преку посредник во неколку наврати го контактирале оштетениот – и телефонски и преку директни средби.

Најпрво побарале 100.000 евра, притоа заканувајќи му се и со семејството. Откако тој одбил, сумата ја намалиле на 40.000 евра, но повторно не добиле согласност.

По одбивањето, според пријавата, на 17 ноември го поттикнале четвртиот осомничен да предизвика пожар на возилото „Ренџ Ровер“ кое е во сопственост на сопругата на оштетениот. Пожарот бил предизвикан со запалива течност на паркинг на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип.

Кривичната пријава е поднесена во координација со повеќе полициски единици од Штип и Скопје.

Најнови вести од: Хроника

Пиштол и седум куршуми откриени кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Пиштол со седум куршуми бил пронајден кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, при полициска контрола на булеварот „Гоце Делчев“. Едно лице е лишено од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, велат од Министерството за внатрешни работи, објави „Скопје 1.мк“

Најнови вести

To top