Македонија

Македонски владици на литургијата за 80. роденден на рускиот патријарх Кирил

Митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и епископот хераклејски Климент сослужуваа во храмот „Христос Спасителот“ во Москва

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) под своето официјално име беше претставена на денешната божествена литургија во храмот „Христос Спасителот“ во Москва во чест на 80. роденден на Неговата Светост Кирил, Патријарх Московски и на цела Русија.

Заедно со претстојателите и претставниците на помесните православни цркви, како и со мноштвото епископи и свештенство на Руската православна црква, во името на МПЦ-ОА на литургијата сослужуваа митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и епископот хераклејски Климент.

На аеродромот „Шереметјево“ во Москва тие беа пречекани од архиепископот Теофилакт и од соработникот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, С.А. Бекешченко.

Посетата на македонската делегација ќе трае до 24 ноември, а се реализира со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во рамки на престојот во Москва, предвиден е и прием во резиденцијалниот Свето-Данилов манастир, каде што македонските архијереи ќе остварат средба со рускиот патријарх, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.

Програмата на посетата предвидува и посета на неколку московски светии.

Поглаварот на РПЦ, Кирил, на функцијата е избран на 27 јануари 2009 година, а устоличен на 1 февруари 2009 година.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Каква трагикомедија! СДС поднесува 225 амандмани за работи, кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила, или ги прави!

СДС поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес – конференцијата на Оливер Спасовски од СДСМ.

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

To top