Македонија

Селмани и Димовски: Нема да има и не се потребни предвремени избори

Бившиот вицепремиер и министер за здравство, како и експратеникот, согласни дека избори ќе има редовно во 2028 година

Некогашниот вицепремиер и министер за здравство Имер Селмани и експратеникот Илија Димовски не очекуваат предвремени парламентарни избори, и покрај повиците од ДУИ.

„Од врвен приоритет е државата да не влезе во избори во кои што само за да има избори, да се направат и да се организираат тие избори. Не се потребни, да бидеме реални, сите ние што имаме малку повеќе политичко искуство, ниту на власта ниту на опозицијата не им одговараат предвремени избори, туку им одговараат исклучиво редовни избори, и во македонскиот, и во албанскиот политички кампус“, изјави поранешниот претседателски кандидат Селмани во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Дебатата што ја имавме во овие половина година зад нас дали ќе има избори напролет, дали ќе нема, треба да ја привршиме. Да констатираме дека очигледни се пораките и од ВЛЕН и од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има предвремени избори следната пролет и дека државата првпат по подолго време ќе оди на редовни избори во 2028 година. Како тоа ќе го искористи македонскиот дел од опозицијата ќе видиме“, додаде бившиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Каква трагикомедија! СДС поднесува 225 амандмани за работи, кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила, или ги прави!

СДС поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес – конференцијата на Оливер Спасовски од СДСМ.

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

To top