Државниот завод за статистика бележи пад на бројот на патници кои користат автобуски превоз.
„Во третиот квартал од 2026 година, бројот на превезени патници во патниот сообраќај е намален за 8,4 % во споредба со истиот период од претходната година“, соопшти Државниот завод за статистика.
Притоа, ДЗС наведува и пад од 12,2 отсто во споредба со вториот квартал од оваа година.
Во споредба со истиот квартал минатата година, забележан е пад од 12,1 отсто во градскиот сообраќај, 5,7 отсто во приградскиот сообраќај, 0,5 отсто во меѓуградскиот сообраќај и 0,8 отсто во меѓународниот сообраќај.