Свет

Меланија се надева на божиќно примирје меѓу Русија и Украина

Сопругата на американскиот претседател потсети дека претходно, оваа есен, помогнала во реализацијата на слична иницијатива во украинскиот град Олешки.

 

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изрази надеж дека до католичкиот Божиќ ќе се постигне нов договор за локален прекин на огнот меѓу Русија и Украина, пренесе „Фокс њуз“.

„Мир во целиот свет, се разбира. Но, пред сè, би сакала да видам повеќе договори за прекин на огнот“, одговори таа откако новинарите ја прашаа каков божиќен подарок би сакала да добие.

Сопругата на американскиот претседател напомена дека претходно, оваа есен, помогнала во реализацијата на слична иницијатива во украинскиот град Олешки.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

Јапонската премиерка со вештачки зглоб се соочи со скала од 40 сантиметри кога слета во Кина на самитот на АПЕК

Јапонската премиерка Санaе Такаичи која има проблеми со нозете се соочи со необично ниски скали при слегување од авионот во Кина, според корејски медиуми

To top