Свет

Зеленски: Средбата меѓу Трамп, Си и Путин не е „Јалта 2“!

Тој што му го уредува профилот на Трамп ги погреши датумите на „Јалта“ и средбата во Техеран за цели две години

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг не претставува втора Конференција од Јалта, бидејќи на неа не се разговарало за прекројување на границите.

„Дали Путин сакаше вистинска Јалта? Да – во смисла на поделба на светот и менување на границите. Кина не дозволи да биде вовлечена во ова“, им рече Зеленски на новинарите.

Тој потврди дека за Украина не се разговарало за време на билатералните средби меѓу САД и Русија. Исто така, наведе дека Путин не бил задоволен од исходот на средбата.

Зеленски отиде дотаму што рускиот претседател го нарече „терорист и убиец“.

Ова дојде како одговор на изјавата на Трамп од почетокот на оваа недела, во која тој го нарече Путин „пријател“.

„Ако денес навистина постоеше намера повторно да се потврди победата над фашизмот, тогаш учесници на овој самит требаше да бидат САД, Европа и Украина – а секако не Русија“, заклучи украинскиот шеф на државата.

Зеленски исто така истакна дека зборувањето за Путин како за „пријател“ сугерира оти „тој не чувствува доволен притисок“.

Зеленски нагласи дека, според него, е несоодветно европските политичари да прифатат таква покана од Москва.

Пред историската тристрана средба во четвртокот со кинескиот лидер Си Џинпинг и Путин, Трамп го нарече рускиот претседател свој „пријател“ и изјави дека двајцата одржуваат „прекрасни односи долги години“.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top