Катастрофалниот биланс од осум порази и две нерешени со гол-разлика од 1:23 во десетте натпревари под негово водство му пресудија на Гоце Седлоски како селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е во потрага по нов предводник од клупата на „црвено-жолтите“ по спогодбено раскинатиот договор со Седлоски, кој го водеше македонскиот национален тим на 22 декември 2025 година.
„Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал“, соопшти ФФМ.
Новиот селектор ќе го очекуваат квалификациите за Европското првенство 2028, за кои ждрепката е закажана за 6 декември, а кон крајот на маерт и бараж-двомечот со Кипар за опстанок во Б-сегментот од Лигата на нациите.