Во третото тримесечје од 2026 година во земјава имало 89.593 невработени лица, а стапката на невработеност изнесувала 11,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на невработени е намален за 0,5 отсто во однос на претходното тримесечје и за 2,4 отсто во однос на истиот период лани.
Активното население броело 797.775 лица, од кои 708.182 биле вработени. Бројот на вработени е зголемен за 0,4 отсто во однос на третото тримесечје од минатата година.
Стапката на активност изнесувала 52,4 отсто, а стапката на вработеност 46,5 отсто.
Мажите се 62,1 отсто од невработените, а жените 37,9 отсто. Кај вработените, мажите учествуваат со 57,6 отсто, а жените со 42,4 отсто.
Пораст на неформалната вработеност
Во третото тримесечје имало 103.177 неформално вработени лица, што е за 2,1 отсто повеќе отколку во претходното тримесечје.
Повеќето од нив, 56,4 отсто, работеле во земјоделството, шумарството и рибарството, а 16 отсто во градежништвото.
Според ДЗС, сезонските работи во овие дејности значително влијаат на промените во неформалната вработеност од едно до друго тримесечје.