Хроника

Расчистено убиството кај Смилковци, уапсен 38-годишен Скопјанец

Мотивот за убиството засега не е познат

Скопската полиција го расчисти убиството кај Смилковци. Уапсен е 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Осомничениот е уапсен на 26 ноември по оперативно-тактички мерки на Единицата за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје. Според полицијата, при службениот разговор Б.Ј. објаснил како го извршил делото.

„Лицето е лишено од слобода, во врска со кривично правниот настан од 21.11.2026, кога по претходна пријава во СВР Скопје, на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на селото Смилковци, Скопско, пронајдено беше лице без знаци на живот, а полициски службеници од СВР Скопје утврдија дека лицето е Ш.Е.(38) од селото Љубин, Скопско, при што беше забележана прострелна повреда во пределот на ногата“  соопшти МВР.

Покрај телото е пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, кој претходно го возел убиениот.

Денеска, по целосното документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Сара Ѓ. (26) со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – обвинетиот насилник Кристијан Корабоски (31) не дојде

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември, објави „Сител“.

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

To top