Македонија

Тони Десковски: САД – F*CK THE EU, ЕУ – F*CK THE US

Сценарио кое до вчера беше незамисливо за ЕУ, САД, Украина и Русија а денеска…

Со наслов FUCK THE EU! професорот по меѓународно приватно право Тони Десковски дава анализа на односите САД – ЕУ во контекст на Русија и Украина.

Според професорот Десковски гледајќи како САД прават партнерство со Русија додека Брисел е понижен, Европската унија може да направи чекор кој ќе значи партнерство со Москва и добивање на безбедносни гаранции кои до вчера беа незамисливи.

Целата анализа на професорот Десковски:

FUCK THE EU!

Ова беше легендарната реченица на американската дипломатка Викторија Њуланд, за време на рушењето на власта на Јанукович во Украина преку Мајданскиот преврат.

ЕУ лидерите неколку години подоцна дозволија администрацијата на Бајден да успее да го испровоцира Путин да ја нападне Украина, а со тоа и целосно да ги наруши економските односи на Европскиот континент. Да ја принуди Европа да воведе санкции кон Русија и да се затворат двата Северни тека и останатите гасоводи кон Русија.

И сега, Трамп се спрема да склучи зделка со која Украина ќе биде територијално осакатена, ЕУ ќе остане во лоши односи со Русија, а САД ќе почнат да градат партнерски односи со Русија. И плус, ЕУ веќе не може да смета на безбедносниот чадор на НАТО, освен ако самата не си го плати и создаде. Практично, и Трамп ја праќа истата порака како Њуланд.

Можеби е време Европејците да ја сменат играта. Да се прифати воениот пораз во Украина со губење на што е можно помалку територија и да се почне со затоплување на односите со Русија преку брзо укинување на санкциите и поправка и ставање во погон на гасоводите од Русија.

Можеби партнерството со Русија е најдобрата безбедносна гаранција за ЕУ.

А САД?

Е па, ЕУ F.ck the USA, кога USA не сака ЕУ да и е партнер. И онака САД е преку Атлантикот. Време е ЕУ да сфати дека Русија и е сосед со кој преку партнерство двете страни можат да нспредуваат. Како што тоа беше во времето на Ангела Меркел, која одбиваше да го диверзифицира снабдувањето со гас, туку се фокусираше на ефтиниот руски гас.

Есапот на Трамп е тој да стане партнер со Русија преку грбот на ЕУ. Една паралелна игра од ЕУ кон Русија можеби би била излезно решение за Европејците (под услов да не се раскараат меѓу себе). Играта на Трамп станува губитничка, ако ЕУ му сврти грб.

А Украина? Украинците ќе можат само да го колнат комичарот Зеленски (кого самите го избраа) затоа што ги претвори во стратешка длабочина ( полигон на кој ќе се пресметуваат големите играчи). Ќе останат и без територија и значајни ресурси, а и ќе бидат и понатаму под силно Руско влијание.

Најнови вести од: Македонија

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

To top