Бизнис

Како оди откупот со пиперката „ајварка“, ќе има ли доволно зимница?!

Откупувачите апелираат до земјоделците да не брзат со бербите и во периодот од 1 до 20 септември да пристапат на берење на договореното производство.

Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката „куртовска капија“ кои заеднички ги утврдија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и откупувачите на 30 минатиот месец во Струмица.

Пиперката „куртовска капија“ или „ајварка“ се откупува за 45 денари за килограм прва класа, прва и втора 35, втора 20 и за трета 15 денари за килограм, додека екстра класата се откупува за 50-55 денари за килограм.

Според откупувачите, договорените цени максимално се почитуваат и тоа на нивно и задоволство на производителите, а најмногу интерес за македонската куртовска капија има од Србија, Хрватска и Бугарија.

  • Откупувачите се придржуваат на договорените откупни цени и тоа е добро и што е најважно понудениот квалитет на пиперката куртовска капија е многу добар и соодветно се селектира според класата. Се надеваме дека таквиот тренд ќе продолжи до крајот на сезоната, велат производители на оваа пиперка.

Откупувачите апелираат до земјоделците да не брзат со бербите и во периодот од 1 до 20 септември да пристапат на берење на договореното производство.

Во споредба со лани откупните цени се зголеми од 13 до 15 отсто, односно цената е зголемена за околу 5 денари за килограм и плус од досегашните 3 производителите ќе добиваат по 4 денари за предаден килограм пиперка на откупните пунктови.

Инаку, годинава се очекува производство на околу 60 до 65 милиони килограми „куртовска капија“.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top