Хроника

Пожар во Батинци, повредените завршија во болница

Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар.

freepik.com

Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа.

-Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.

Единиците за противпожарна заштита Скопје го изгаснале пожарот.

Најнови вести од: Хроника

Тежок случај на семејно насилство: Маж со нож и куче ги нападнал сопругата и децата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по тежок инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.

To top