Македонија

Во јуни 100 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Според податоците од државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. 100 проценти од потрошената електрична енергија била од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за […]

Според податоците од државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. 100 проценти од потрошената електрична енергија била од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Во споредба со минатогодишниот јуни потрошувачката на природен гас е намалена за 54,9 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9,5 проценти.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

To top