Свет

Трамп ја заплашува Русија со „економска војна“

Вели дека „ова нема да биде светска војна, туку економска војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста за „економска војна“ со Русија во случај на недостаток на напредок во прекинот на огнот во Украина, додавајќи дека не би сакал да го стори тоа.

„Ова нема да биде светска војна, туку економска војна“, изјави Трамп пред новинарите како одговор на прашањето што би можел да направи со Москва ако обидите за решавање на конфликтот во Украина не успеат, јави Ројтерс.

„Економската војна би имала лоши последици за Русија. И јас не го сакам тоа“, додаде американскиот претседател.

Според него, во случај на неуспех на украинската спогодба, САД може да воведат санкции против Русија. „Она што го имам на ум е многу сериозно“, рече Трамп.

Во исто време, американскиот лидер истакна дека не може да каже дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „е апсолутно невин“ во овој конфликт.

„Сè зависи од двете страни“, вели Трамп.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top