Бизнис

(Видео): За инфлацијата, за како до нов дом, за УЈП, Катастар – интервју на Гувернерот на Народната банка

Инфлацијата во Македонија е повисока од еврозоната поради сè уште присутните очекувања дека цените ќе растат, вели гувернерот на Народна банка Трајко Славески.

Инфлацијата во Македонија е повисока отколку во еврозоната бидејќи во државата сè уште постојат силни инфлациски очекувања, односно верување дека цените ќе продолжат да растат, вели гувернерот на Народна банка. Во интервју за радио Слободна Европа, Славески додава дека во наредните година до две се очекува стапката на инфлација да се приближи до историските 2 проценти. Потенцира дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација за да го полни буџетот преку ДДВ, бидејќи граѓаните се „алергични“ на растот на цените.

Гувернерот на Народната банка додава дека преку катастарот треба да се олесни идентификацијата на граѓаните кои првпат купуваат стан, а од 2026 најавува законски измени за пониски банкарски провизии.

Господине Славески, неделава најавивте мерки против инфлацијата, меѓутоа зошто се уште имаме повисока инфлација во однос на Еврозоната?

Факт е дека инфлацијата во еврозоната или дезинфлацијата оди побрзо до што во Република Македонија. По моја оценка тоа се должи на се уште присутните инфлациски очекувања во државата коишто не успеавме во изминатиот период до крај да ги потиснеме. Кога велам инфлациски очекувања мислам на тоа дека постои верување дека цените и натаму ќе растат и самото тоа ја храни инфлацијата само од себе. Тука да речеме и производителите очекуваат дека ќе растат цените и се обидуваат да постигнат повисока цена. Граѓаните се приспособуваат, работниците притискаат за повисоки плати и така натаму. Но, мислам дека овој процес на дезинфлација ќе продолжи и во наредните да речам година две, ние ќе се приближиме до историските нивоа на стапката на инфлација од 2 проценти. Затоа преземаме и мерки. Еве, познато е дека заради претпазливоста од забрзување на инфлацијата, референтната каматна стапка, што е еден од основните инструменти на Централната банка во одржување на финансиската и монетарната стабилност, е непроменета од почетокот на годинава, а во меѓувреме преземавме и мерки во смисла на промени кај задолжителната резерва коишто покрај тоа што имаат намера да го стимулираат штедењето во домашна валута, во денари, сепак на некој начин се во рамките на поставеноста на монетарната политика која што реков е претпазлива, како и други макропрудентни мерки.

Само една реченица да објаснам – меѓу економистите постои консензус дека инфлација постои кога има општ пораст на цените. Ние имаме заради некои шокови од надвор или од внатре, промени во цените на некои производи и услуги, на пример оваа година кај овошјето и зеленчукот заради познатите причини – лоши временски услови, коишто придонесуваат за зголемување на стапката на инфлација, но од друга страна значат промена во релативните цени. Овошјето и зеленчукот стануваат поскапи во однос на некој друг производ. Доколку тоа е ограничено на неколку производи или групи производи, не спаѓа во онаа стандардна дефиниција за инфлација. Значи, врз инфлацијата и борбата против неа, ние сакаме да се фокусираме на она што стои на располагање кај Централната банка – значи монетарните инструменти, а секако тука е и фискалната политика којашто треба да биде одговорна да се остваруваат проекциите за буџетскиот дефицит, понатаму структурата на трошењата коишто би биле насочени повеќе кон капитални инвестиции, коишто на долг рок ја зголемуваат или го зголемуваат потенцијалот на економијата, а не се фокусирани на тековни трошења. Само така, ова е рецептот за успех за постигнување на што пониско ниво на инфлација.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема ценовен шок, имаме стабилност во снабдувањето со нафта, рече премиерот

Владата успешно се справува со економските предизвици, нема ценовен шок, инфлацијата е најниска во регионот, а приоритет останува зголемувањето на стандардот на граѓаните. Како што истакна премиерот Мицкоски, почетокот на годината носи охрабрувачки показатели – Владата и бизнис-секторот работат на стабилноста, заштитата на стандардот и на долгорочниот раст, а компаниите имаат доволно резерви за снабдување.

„Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив“ – Трендафилов ги повика работниците на протест

На прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

To top