Македонија

Маск: Европа ќе изумре целосно, ако стапката на раѓање бебиња не го достигне нивото потребно за репродукција на населението

Најбогатиот човек во светот уште во декември 2024 година ѝ претскажа на Европа дека „се наоѓа во голем проблем“, оти е пред „целосно исчезнување“…

Американскиот претприемач Илон Маск предупреди дека „Европа ќе изумре ако нешто не се промени“. „Ако стапката на наталитет, односно раѓање бебиња, не ја достигне барем стапката на репродукцијата на населението, тогаш ќе изумре Европа.“ – напиша Маск на општествената мрежа икс.

Маск повеќепат ѝ го обрнуваше вниманието на јавноста на темата на демографијата. Во декември 2024 година тој ѝ претскажа на Европа, вклучувајќи ја и Германија, целосно исчезнување, поради нискиот наталитет. Тој истакна тогаш дека „европските земји се наоѓаат во голем проблем“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top