Регион

Европа или ќе се обедини или следува распад на земји сателити – прогноза на Еди Рама

Европа е најнеобична бирократска и административна машина, што може да биде добро, но од друга страна, прекумерното изготвување регулативи дури и пред да започне нешто

Главен проблем на Европа е во која насока ќе оди – или ќе се продлабочи во своето патување или ќе се распадне, порача денеска албанскиот премиер Еди Рама на панел-дискусија за улогата на државите и иднината на Европската Унија на 20-от Стратешки форум во Блед.

– Мислам дека главниот проблем што го има Европа е во која насока ќе оди. Дали ќе го продлабочи својот пат кон тоа да стане соединети европски држави или ќе се распадне на различни парчиња, при што секој ќе одлучува чиј сателит ќе биде, бидејќи нема шанси да се одвоите и да го напуштите овој голем клуб, а потоа да имате каква било славна историја, освен да станете сателит на некој друг – изјави Рама.

Тоа, додаде, е прашање со голем прашалник, за што немам одговор.

– Од една страна, Европа е најнеобична бирократска и административна машина, што може да биде добро, но од друга страна, прекумерното изготвување регулативи дури и пред да започне нешто…, во Америка, на пример, тие го измислуваат ОпенАИ, додека во Европа измислуваат регулативи за моментот кога некој ќе дојде да оди во иста насока – рече тој.

Посочи дека ова ја прави „Европа практично потешка како средина за бизнис, многу пати поартикулирана кога станува збор за регулативи, но постои рамнотежа што Европа мора да ја најде“.

– И последното нешто што сакам да го кажам е дека додека го гледаме овој свет што се развива и се движи со неверојатна брзина надвор од нашата европска сфера, прашањето што си го поставувате е зошто Европа не е таму, зошто Европа не беше во Тјенџин, зошто не во Бразил? Разбирам зошто, но можеби овој одговор треба да се подготви на поинаков начин. Фактот што имаме различни мислења за начинот на кој живееме не е причина да се изолираме, да се затвориме во себе и да кажеме дека ако сакате да бидете пријатели со нас, мора да живеете како нас, бидејќи на тој начин ризикуваме да имаме сè помалку пријатели и на крајот да го изгубиме нашиот начин на живот – нагласи Рама.

Значи, додаде тој, треба да го зачуваме овој наш начин на живот со гордост и со сè што можеме, но од друга страна да бидеме многупати поотворени кон светот и да бидеме она што Европа отсекогаш била – раскрсница каде што минуваат сите, а не како „тврдина каде што ве гледаат со многу филтри, дури и пред да имате можност да бидете пријател“.

– Но, секогаш сме на страната на Европа, што и да се случи – порача Рама.

На панел-дискусијата учествуваа и Марта Кос, комесар за проширување на Европската унија, Роберт Голоб, премиер на Словенија, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска и Милојко Спајиќ, премиер на Црна Гора.

Најнови вести од: Регион

„Кој си бре ти?“ Александар Вучиќ најави интернет-портал за поплаки од граѓаните

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери. Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Премиерот Румен Радев со црвен тепих ќе ја пречека победничката на Евровизија во Софија

„Bangaranga“ не победи тесно и случајно. Официјалните податоци покажуваат дека песната завршила со 173 поени предност пред второпласираниот Израел, што Eurovision го бележи како најголема победничка разлика во историјата на натпреварот. На второто место се најде Ноам Бетан од Израел со „Michelle“, а трета беше Романија со Александра Кепитенеску и „Choke Me“.

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

(Видео): Бугарија победи на Евровизија 2026-та, в година Софија домаќин на спектаклот

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

To top