Македонија

Поддршка на украинскиот министер Кулеба за кандидатурата на Османи за Чаир! – Мешање во внатрешните работи на Македонија, или манипулација на Османи?!

Зошто става Бујар Османи „меѓународни карти“ во локален изборен натпревар, за прв човек на една општина, на Чаир? Но и зошто министер за надворешни работи на една држава – Украина си дозволува да се меша во внатрешни работи на друга суверена држава – Македонија, поддржувајќи кандидат на партија за освојување позиција градоначалник во општина, или Кулеба несвесно упаднал во „манипулативната стапица“ на Бујар Османи, за да го стави и да го злоупотреби и него во својата предизборна кампања?!

„Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба испрати моќна и емотивна видео порака во поддршка на Бујар Османи и неговата кандидатура за претседател на Чаир.“ – објави ТВ Шења во информацијата „Кулеба: Османи е човек, што ја заслужува довербата – ова го научив во најтешките моменти на војната“.

Натаму телевизијата наведува: Во пораката Кулеба му се заблагодари на македонскиот народ за поддршката за Украина за време на руската окупација, но се насочи и на улогата на Османи како министер за надворешни работи на С. Македонија и како претседавач со ОБСЕ. „Ние, Украинците, сме благодарни за вашата поддршка. Секогаш ќе се сеќаваме со благодарност што во текот на изминатите три години вашата горда нација застана покрај Украина.“ – рече Кулеба, нагласувајќи дека Македонија и нејзините институции покажаа вистинска солидарност во најтешките моменти.

Понатаму, Кулеба зборуваше лично за Османи. „Бујар Османи е мој пријател кој ја водеше вашата дипломатија и ја водеше ОБСЕ за време на Македонското претседателство. Тој е добро познат политичар и сигурен сум дека го почитувате колку и јас.“

Министерот од Украина изрази силна поддршка за кандидатурата на Османи, опишувајќи го како „исклучително посветен и чесен човек“. „Убеден сум дека ќе ви служи со висок квалитет, интегритет и посветеност. Тој ја сака Македонија, ве сака вас, ги сака вашите градови и села. Тој е човек, кој заслужува доверба. Го научив ова во најтешките моменти од окупацијата.“ – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top