Македонија

Граѓани блокираа булевар во скопски Аеродром поради загадувањето од Вардариште

И од О2 Иницијативата упатија јавен апел до кандидатите за градоначалници и советници во Град Скопје, Аеродром и Гази Баба, барајќи итни решенија за санација на депонијата.

Стотина граѓани се собраа на протестот кој беше закажан во 18 часот во Аеродром откако два дена низ целата општина може да се почувствува силна смрдеа поради пожар во Вардариште. Од иницијативата потсетуваат дека станува збор за прашање кое не смее да се третира како обично предизборно ветување.

Во апелот се наведени три приоритетни барања: Итна изработка на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште, со што Општина Гази Баба треба без одлагање да ги донесе потребните детални урбанистички планови; Привремени мерки додека проектите не стартуваат, како запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор; Транспарентност и отчетност, со редовно известување за секој чекор, конкретни активности и прецизни рокови.

Жителите на скопската општина Аеродром излегоа на протест и блокада на булеварот Србија поради силната миризба од неодамнешниот пожар во Вардариште. Бараат итна интервенција од надлежните институции и трајно решение на проблемот што како што велат го загрозува нивното секојдневние и здравје.

Граѓаните блокираа булевар во знак на револт. Побараа надлежните институции да го решат проблемот.

Жителите на Аеродром, особено тие на Ново Лисиче често се жалат дека поради горењата во Вардариште мириса на запалени гума и пластика. И зимските мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух покажуваат дека Аеродром е можеби и најзагадената скопска општина.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top