Македонија

Најмалку 15 мртви и 18 повредени во Лисабон, откако вчера трамвајско возило за нагорнини излета од шините и удри во зграда (ВИДЕО)

Страотна трагедија вчеравечер во португалскиот главен град

Оваа тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 18 часот во време на вечерен шпиц, откако трамвајското возило за јавен превоз по нагорници – фуникулар се лизна од шините и удри во зграда. Загинаа најмалку 15 лица. Повредени се 18, а меѓу нив петмина се во тешка состојба. Како што пренесува Си – Ен – Ен Португалија, меѓу жртвите има и странски државјани.

Првите извештаи укажуваат дека најверојатно пукнал кабелот, кој го влече трамвајското возило по нагорнината. Тоа предзвикало нагло превртување на возилото по надолнината и негово излетување од шините на трасата. Во моментот на несреќата во возилото се наоѓале повеќе од 40 патници. Во акцијата за спасување учествувале повеќе од 60 пожарникари и припадници на итните служби со повеќе од 20 возила. Повредените се префрлени во болниците во главниот град на Португалија Лисабон. Лекарите се борат за животите на најтешко повредените. Градноначалникот на Лисабон Карлос Моедаш изјави дека е ова „трагичен ден за градот и неговите жители“.

Трамвајското возило за нагорници – фуникуларот, популарно наречен „Глорија“, е од 1885 година симбол на Лисабон и една од неговите најпознати атракции. Вакви трамвајски возила за нагорнини има во градовите со стрмни улици, како што се Лисабон, или Истанбул, во Турција, но и на многубројните планински туристички дестинации ширум светот. Во Лисабон постојат неколку историски трамвајски возила за нагорнини – „Глорија“ „Бица“ и „Лавеа“. Покрај превозната функција, тие имаат и голема туристичка вредниост, бидејќи претставуваат симбол на градот и на неговото културно наследство.

https://www.facebook.com/watch/?v=266003884095124

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top