Свет

Педесет повредени откако автомобил влетал во толпа навивачи на Ливерпул (ВИДЕО)

Уапсен е 53-годишен Британец откако влетал во толпа навивачи на Ливерпул кои на улиците на истоимениот град ја прославувале титулата во Премиер лигата Инцидентот се случил на улицата Вотер, недалеку од центарот на градот. Во тој момент, големи толпи навивачи се собираа на улиците со часови, славејќи ја титулата. 27 повредени лица беа однесени во […]

Уапсен е 53-годишен Британец откако влетал во толпа навивачи на Ливерпул кои на улиците на истоимениот град ја прославувале титулата во Премиер лигата

Инцидентот се случил на улицата Вотер, недалеку од центарот на градот. Во тој момент, големи толпи навивачи се собираа на улиците со часови, славејќи ја титулата.

27 повредени лица беа однесени во разни болници низ Ливерпул. Уште 20 лица се здобиле со полесни повреди и им е укажана медицинска помош на местото на настанот.

Од полицијата потврдија дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица.

„Инцидентот не се третира како терористички напад“, рекоа од полицијата, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.

Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие на улицата каде што одеа колоните навивачи на Ливерпул.

Најнови вести од: Свет

Франс 24: ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за Гренланд

Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

(Видео): Најмалку 39 мртви во Шпанија при судар на два воза, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните

Во возот Ирјо имало 300 патници, а во возот Ренфе Алвија 184 луѓе. Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа. Претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено, изјави дека регионалните власти се преоптоварени од обемот на катастрофата. Морено, непосредно пред обраќањето на шпанскиот премиер Педро Санчез, изјави дека ова е „невидена катастрофа“ што „едноставно ги надмина нашите можности како локална администрација“.

Најмалку седум лица загинаа, а неколку се тешко ранети во експлозија во елитниот дел на Кабул, во Авганистан (Видео)

Седум лица загинаа, а неколку други се ранети во експлозија пред кинески ресторан во населбата Шахр-е-Нав во Кабул, каде што живеат претежно странци, соопштија болничките власти. – Експлозијата се случи во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на Кабул, и има жртви, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, објави АФП.

„Брисел морнинг“: Денес расправа во Европскиот парламент за предлогот да им се изгласа недоверба на Лаен и ЕК – Се проценува оти нема да успее

„Европскиот парламент ќе дебатира за најновиот поднес предлог да ѝ се изгласа недоверба на шефицата на Европската комисија Урсула Лаен и на сиот состав на оваа комисија. Дебатата почнува денес, на 19 јануари навечер, а гласањето е закажано за в четврток. Групите „Патриоти за Европа“, „ECR“ и „Европа на суверени нации“ го поднесоа предлогот, наведувајќи загриженост во врска со трговскиот договор ЕУ-Меркосур и парламентарниот надзор. Предлогот бара двотретинско мнозинство од гласовите, што претставува мнозинство од сите пратеници во Европскиот парламент, за да биде усвоен. Проценките се дека нема да успее ниту овој најнов обид да се тргне Лаен од кормилото на ЕУ.“ – извести од Стразбур информативниот портал „Брисел Морнинг“.

To top