Свет

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава!

„Ова место ни припаѓа нам“, изјави израелскиот премиер

За време на церемонија за старт на голем градежен проект во израелската населба Маале Адумим, источно од Ерусалим во Западен Брег, израелскиот премиер стави до знаење дека нема да има палестинса држава.

„Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, ова место ни припаѓа нам“, им рече Нетанјаху на присутните пренесе Ројтерс

За време на настанот, кој беше емитуван во живо на телевизија, премиерот додаде:

„Ќе го зачуваме нашето наследство, нашата земја и нашата безбедност. Ќе го удвоиме населението на градот“.

Минатиот месец, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 домови на Западeн Брег, познат како проект Е1.

Меѓународната заедница и Обединетите нации ја осудија иницијативата, предупредувајќи дека таа ќе ја подели палестинската територија на два дела и ќе го загрози територијалниот интегритет на можна палестинска држава.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top