Свет

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

Светската оперска и балетска елита и љубителите на класичната уметност се собраа во Туркије, во античкиот театар Аспендос во близина на Анталија. Со изведбата на „Турандот“ во која настапија оперската дива Олга Маслова од Русија и оперската сензација Рикардо Маси, започна 32-то издание на Меѓународниот фестивал за опера и балет, кој ќе трае до 1 […]

Светската оперска и балетска елита и љубителите на класичната уметност се собраа во Туркије, во античкиот театар Аспендос во близина на Анталија. Со изведбата на „Турандот“ во која настапија оперската дива Олга Маслова од Русија и оперската сензација Рикардо Маси, започна 32-то издание на Меѓународниот фестивал за опера и балет, кој ќе трае до 1 октомври. Големото отворање на овој престижен фестивал и изведбата на операта „Турандот“ е во продукција на Државната опера и балет на Анкара и на Анталија.

Во рамките на фестивалот ќе бидат изведени најпознатите класични опери, а во нив ќе настапат врвни уметници. На репертоарот се и балетски ремек-дела, и тоа на 17 септември ќе биде претставена „Зорба“, инспиративна грчка приказна поставена на музиката на Микис Теодоракис, што кулминира со легендарното сиртаки, потоа, на 20 септември ќе може да се погледне „Лебедово езеро“ на Чајковски, но претставено во една нова замисла на кореографот Рикардо Амаранте. Сагата за „Дон Кихот“ е резервирана за 24 септември, како прослава на шпанската култура и на омилениот лик на Сервантес. Вистински спектакл се најавува за 27 септември кога светски познатиот тенор Иван Магри ќе настапи во „Тоска“.

Престижниот Болшој театар на Државната академија за опера и балет на Узбекистан, наречен по поетот Алишер Навои, ќе ја изведе „Травијата“ од Џузепе Верди на 1 октомври кога е и свеченото затворање на годинешното издание на фестивалот. Покрај богатата програма, дополнителна вредност на овој меѓународен фестивал му дава и уникатниот амбиент.

Античкиот театар Аспендос е место каде што скоро 2.000 години се слави уметноста и се гради културата на човештвото. Тој е еден од најдобро сочуваните антички амфитеатри во светот и се смета за своевидно акустично чудо, бидејќи природно го засилува звукот на изведбите, така што тој може да стигне подеднакво до сите 15.000 седишта.

Аспендос се наоѓа во близината на Анталија, која е една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије. Минатата година Анталија ја посетиле 17 милиони посетители. Покрај богатата турска кујна регионот е познат по добро сочуваните антички локалитети, кои во летото остануваат отворени до доцна во ноќта, како дел од проектот „Ноќни музеи“.

Најнови вести од: Свет

Кина започна со целосната блокада на Тајван: Островот во паника извади “Абрамс” на улица (ВИДЕО)

Вежбите започнаа на 29 декември, само 11 дена по објавата на САД за рекордна продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари. Кинеското Министерство за одбрана ги осуди продажбите како провокација и најави „силни мерки“.

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

To top