Свет

Ова не е шведска маса: Шведска ќе ги скрати привилегиите на дојденците

„Реформата е насочена кон големите имигрантски семејства кои живеат од бенефиции со години, иако можат да работат“, изјави министерката за социјално осигурување Ана Тења

 

Според шведската коалициска влада од десниот центар, реформата презентирана во средата има за цел да се справи со зависноста на имигрантските семејства од бенефиции и недостатокот на интеграција, а исто така да испрати сигнал до надворешниот свет дека „веќе не можете да доаѓате во Шведска и да живеете од социјални бенефиции“.

Реформата се состои од три дела:

ограничување на износот на бенефициите,

бонуси за оние кои успеваат да најдат работа и

обврска за активност за оние кои живеат од бенефиции.

Ограничувањето на социјалните бенефиции најтешко треба да ги погоди големите семејства, почнувајќи од четвртото дете, објавува „Дагенс Нихетер“.

Министерката Тење го дава примерот на двајца родители во заедничко домаќинство со пет деца кои „примаат 46.500 круни (околу 4.500 евра) без данок“. Според неа, овие родители би можеле да работат, но не го прават тоа од различни причини.

„Не им се исплати да се префрлат од бенефиции на вработување, дури и ако двајцата почнат да работат. Но, со ограничувањето на бенефициите, износот е ограничен на околу 3.700 евра. Ова значи намалување на социјалната помош од околу 800 евра месечно“, вели Тење.

Ако наместо тоа се вработат во 2026 година, таквите луѓе ќе добијат бонус што ќе им го зголеми приходот.

Намалувањето на социјалната помош е особено насочено кон големите домаќинства, каде што, според министерот, „бенефициите се натрупуваат една врз друга“.

Според шведската влада, целта на реформата е да се справи со неуспешната интеграција и зависноста од бенефиции на кои се обратиле многу странски државјани.

Исто така, треба да биде „порака до другите мигранти кои сакаат да дојдат во Шведска за да го користат системот за бенефиции“.

Реформата на системот исто така значи дека од 1 јули 2026 година, сите општини ќе мора да бараат од корисниците на бенефиции да учествуваат во активности, како што се пракса или општествено корисна работа.

Друг дел од мерката за реформа на бенефициите е дека секој што ќе се пресели во Шведска по 1 јануари 2027 година ќе може да стекне право на социјално осигурување со тоа што ќе живее во Шведска пет години или ќе работи најмалку 12 од 24 месеци со плата поголема од 2.000 евра месечно.

Според лидерката на парламентарната група на Шведските демократи, Линда Линдберг, сегашната линија на бенефиции се отфрла и се поставуваат услови за мигрантите што доаѓаат во земјата.

„Шведска повеќе нема да биде з’шведска маса’ луѓе од целиот свет“, вели Линдберг, од крајно десничарските Шведски демократи, кои не се во владата, но ја поддржуваат во парламентот.

Најнови вести од: Свет

Во Израел се активираа сирените за воздушен напад, иранските телевизии повикуваат на џихад (ВИДЕО)

Во последните минути, низ целиот Израел се активирани сирени за воздушен напад и предупредувања за балистички ракети, како одговор на потенцијална иранска одмазда по израелско-американските удари врз Техеран и други цели во Иран.

Техеран под оган: Потврден е воздушен напад врз канцеларијата на врховниот водач, атомската агенција и воени комплекси

Во рамките на операцијата Operation Shield of Judah (Штитот на Јуда), која започна утрово, Израел и Соединетите Американски Држави извршија координирани превентивни удари врз повеќе стратешки цели во Иран. Операцијата е насочена кон неутрализација на заканите од иранската нуклеарна програма, балистички ракети и разузнавачки капацитети, со посебен акцент на Техеран како политичко и воено средиште.

To top