Хроника

Убиецот на Росица бил промовиран од Музејот на современа уметност во Скопје

Иако преходно имало јавно предупредување дека се работи за насилник врз жени музејот му дозволил да изложува свои продукти

Убиецот на Росица, Илија Стефановски пред неколку години бил промовиран од Музејот на современа уметност.

Иако уште тогаш имало информации и јавно предупредување дека Стефановски има проблеми со насилство врз жени и има пријави против убиецот кој ја усмрти велешанката Росица и нејзиниот татко, Музејот на современа уметност решил негови дела да бидат презентирани пред јавноста која можела да ги купи во 2021 година.

Оваа културна институција на 15 Мај 2021 година објавила дека во книжарницата на Музејот на современа уметност – Скопје достапни се продуктите на [0.10]error of harmony, проект на Илија Стефановски, кој го користи скејтбордингот и „скејтерскиот лајфстајл“ како елемент за да се искритикува/искоментира општествено социјалниот момент, но и да се претстават инакви гледишта преку архитектура, визуелни уметности (видео, фотографија, илустрација, инсталации…), музика и модни парчиња. „Еррор-от“ при создавањето е појдовна точка и момент на инаквост и ненаметливо гледање на светот.

Иако два месеци претходно луѓе кои се дел од уметничките кругови блиски на МСУ предупредиле дека се работи за човек кој има проблеми со насилство врз жени раководството на Музејот на современа уметност решило Стефановски да ги промовира своите продукти во јавната културна институција.

Во тој период директорка на МСУ е Мира Гаќина. Таа како кадар на СДСМ била директорка од Мај 2017 кога ја именувал екс министерот за култура Роберт Алаѓозовски се до 2023 кога си дала оставка.

Како раководството на МСУ пред 4 години го промовирало творештвото на Стефановски:

,,Употребата на [0.10] во насловот на брендот е инспирирано од конструктивистичко/супрематистичкото движење и естетика и ја пренесува идејата дека секоја „грешка“ може да претставува почеток од 0 и нов правец при создавање на нешата.

Целта на овој проект е да пренесе порака и да се разбуди свеста помеѓу граѓаните, особено помеѓу помладите, но и да се претстави малку поразлично гледање на работите преку овие медиуми, кои се дирекно поврзани со скејт културата. Заедно со артисти, кои се дел од „еррор колективот“, создадовме бренд, кој има за цел, пред се да ја поддржи домашната, потоа и балканска скејт сцена, преку спонзорирање млади таленти и организација настани од различен карактер, како платформа за изразување на различни профили уметници. Колекциите се дирекно инспирирани од градот и архитектурата, социјално – општествените актуелни случувања, правата на човекот, родовата еднаквост…

Парчињата облека и аксесоари, кои се наоѓаат во продавницата на МСУ, се одликуваат со минималистички дизајн, ја претставуваат уличната и скејт култура и нивниот стил на живот. Станува збор за лимитирани парчиња од кои профитот дирекно се вложува за поддршка на сцената и создавање нови проекти од овој карактер.
Заедно со дизајнерските парчиња ќе можете да најдете и книги за скејтборд и сурф културата.
error kolektiv
0.10error of harmony”, пишува во објавата на МСУ која промовирала тогашен насилник а сега убиец.

Екс директорката побара објава на барање за извинување која ја приложуваме

Барање за извинување и објавување на демант од директорката на МСУ која организирала промоција на дела на убиецот Илија Стефановски

Најнови вести од: Хроника

Н.А. (22) од Кавадарци проголтала поголемо количество хероин, за да го сокрие од полициската контрола!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил во скопски Сарај

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.

Стоматолог од Гостивар меѓу тројца осомничени за корупција за полагање стручен испит

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица: А.Т.(27) од Битола, поради постоење основана сомнеж за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ и С.Е.(63) од Скопје за „примање поткуп“.

Поранешен полицаец осуден на пет години затвор за грабеж на злато во Гостивар

Кражбата се случила во октомври минатата година кога, во вечерните часови, маскирани и вооружени лица го блокирале патот пред златара и украле 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра

To top