Македонија

Жена обвинител можела да го спречи убиството на Росица и нејзиниот татко

Доволно било обвинителката да поднесе едно барање и да ги спаси Росица и татко и од смрт

Жена обвинител можела да го спречи убиството на Росица и нејзиниот татко.

Иако Велешкото обвинителство не објавува кој го водел предметот против Илија Стефановски кој на брутален начин ги усмрти Росица и нејзиниот татко во Велес јасно е дека тие можеле да бидат спасени ако имало соодветна реакција од страна на жена обвинител во Велешкото обвинителство.

Обвинителката која го водела предметот против убиецот можела да ги спаси Росица и татко и ако врз основа на материјалите со кои располагала побарала притвор за насилникот и убиец.

Со тоа наместо на слобода од каде ги извршил убиствата Стефановски ќе бил затворен и немало да може да убива.

Посебен проблем за правосудството е судијата Ангел Трипчев кој го судел Стефановски и од максималните 5 години и 6 месеци досудил условна казна по која Стефановски без притвор бил на слобода.

Во ситуација кога обвинителството не открива кој е обвинителот што не побарал притвор за Стефановски до информацијата за полот на обвинителот expres.mk доаѓа со анализа на составот на Велешкото обвинителство.

Основното јавно обвинителство Велес кое е основано во 1946 година функционира на подрачјето на Основниот суд во Велес како основно јавно обвинителство со проширена надлежност. За својата работа одговара пред Вишото Јавно Обвинителство Скопје, како и пред Советот на јавните обвинители, пишува на веб сајтот на Велешкото обвинителство.

Таму се наведува дека сите обвинители почнувајќи од основниот јавен обвинител
Цветанка Богоевска и јавните обвинители во ОЈО ВЕЛЕС вкупно на број 7 се жени.

Која од обвинителите Гордана Тодорова,
Славица Темелковски, Силвија Ивановска,
Анастасија Миланова, Аделина Станинова и
Александра Станковска го видела случајот и не побарала притвор за насилникот кој десетина години се наоѓал во записи за криминал за насилство врз жени засега не се открива.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top