Свет

Израел да отвори медицински коридор за пациенти од Газа, бараат западни држави

20 држави понудија финансиска помош, медицински персонал и опрема за лекување на пациенти од Газа во болниците на Западниот Брег

Ззападни земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Италија, Полска и Европската Унија, го повикаа Израел да го обнови медицинскиот коридор помеѓу Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, објави Ројтерс..

Тие понудија финансиска помош, медицински персонал и опрема за лекување на пациенти од Газа во болниците на Западниот Брег,

„Го повикуваме Израел да го обнови медицинскиот коридор до окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, за да можат да продолжат медицинските евакуации од Газа и пациентите да можат да го добијат третманот што им е толку итно потребен“, се вели во заедничката изјава. САД не беа меѓу потписниците на декларацијата.

Израел сè уште не одговори на повикот.

Во моментов израелските власти дозволуваат ограничен број жители на Газа да добијат медицински третман во арапските и европските земји.

Хуманитарните агенции кон крајот на август објавија дека само мал дел од потребната помош, вклучително и лекови, стигнува до Газа, и покрај тоа што Израел објави крај на блокадата во мај.

Според Светската здравствена организација, здравствениот систем во енклавата е на работ на целосен колапс.

Израел ги контролира сите гранични премини и вели дека дозволува доволно хуманитарни залихи.

Најнови вести од: Свет

Орбан: ЕУ се дави во корупција – од Могерини до украинскиот Енергоатом скандал(ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ја критикуваше Европската Унија, тврдејќи дека „се дави во корупција“, во контекст на истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати.

Европа е на пат на цивилизациско истребување – новата стратегија на САД жестока кон стариот континент

Документот тврди дека Европа е на пат на „цивилизациско истребување“ поради високата миграција и ниската стапка на наталитет и ги обвинува европските влади за поткопување на демократијата

To top