Бизнис

Брза пруга на Коридор 10, зелени гранични ленти и нови транспортни врски, најави заменик-претседателот на Владата

Според Министерството за транспорт, изградбата на брза пруга на Коридорот 10 ќе значи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа.

Изградбата на брза пруга на коридор 10, зелени коридори на граничните премини, регионална соработка, поефикасен транспорт на стока и патници, се дел од темите на кои заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ги отвори на две одвоени средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис.

Во рамки на меѓусебната соработка, унапредувањето на патниот и железничкиот транспорт се областите каде двете земји имаат заеднички интерес во насока на регионален развој, беше потврдено на средбите.

Заменик претседателот на Владата, Николоски ги потенцираше приоритетните проекти на Владата во делот во инфраструктурата со посебен фокус на брзата пруга на коридор 10, проект кој треба да овозможи силен инпут во економскиот развој на регионот.

Меѓу другото, на средбите се разговараше и за модернизација на граничните премини преку создавање на зелени ленти се со цел да се овоможи побрз и поефикасен транспорт. Изразија задоволство од одлуката на двете земји за изградбата на граничниот премин Маркова нога како предуслов за зголемување на прекуграничната соработка и подобра комуникација на граѓаните.

Исто така се отворија и прашањата за можноста на воспоставување на железнички лиини меѓу двете земји како и зголемување на соработката во авио секторот преку воведување на нови авиолинии.

На средбите беше потенцирана регионалата соработка и се нагласи можноста за зголемување на економската и трговска соработка преку реализација на заеднички проекти.

Претходно, заменик претседателот на Владата, Николоски оствари средба и со вицепремиерот во Владата, Костис Казидакис. Средбите на Николоски се дел од дводневната работна посета на Грција.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top