Бизнис

Од 1 октомври почнува исплатата на линеарно зголемените пензии

Прва корекција на 1 октомври, а втората напролет

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ја посети ЈЗУ Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во Скопје. На новинарско прашање одговараше за зголемување на пензиите на граѓаните и од кога се очекува нивна исплата.

– Да од 1 октомври е првичната коренција на пензиите, линеарно зголемување на пензиите. А потоа ќе биде и на пролет со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус зголемување на пензиите линеарно во вкупнен износ по пензионер од 7000 денари, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова практично ги надминува оние 5000 денари што ги ветуваа за време на кампањата.

Мицкоски во посета на Клиниката беше заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top