Регион

Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба

Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија

Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба „Соседи 25“ со цел зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства, соопшти српското Министерство за одбрана.

Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија.

За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации.

Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи“ што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.

Најнови вести од: Регион

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи како виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и уривање на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. 

To top