Регион

Ќе се градат фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Отворање фабрики за вештачка интелигенција во седум земји од Европската Унија, односно во Шпанија, Италија, Финска, Луксембург, Шведска, Германија и Грција, соопшти ЕК, додека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментираше дека тоа е „национален успех“ и „големо достигнување за земјата“.

Европската комисија најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во 7 земји членки и 6 партнери на ЕУ, меѓу кои и во Македонија. Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Македонија и Србија.

  • Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан. Ќе започнеме со две антени во Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион што ќе им овозможи на компаниите во сите 6 партнери да се поврзат со овие фабрики – изјави Фон дер Лајен во обраќање на Инвестицискиот форум во Тирана.

Ова, според Фон дер Лајен, ќе значи дека компании од Западниот Балкан ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција.

  • Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга. Бидејќи сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа, сакам Западниот Балкан да биде во неговото јадро – рече Фон дер Лајен.

Покрај земјава, програмата АИФА е проширена и во членките на ЕУ – Белгија, Ирска, Кипар, Летонија, Малта, Словачка и Унгарија, како и во Велика Британија, Исланд, Молдавија, Србија и Швајцарија.

  • „Ова ќе овозможи тесна соработка меѓу фабриките за вештачка интелигенција за да им се обезбеди на националните заедници за вештачка интелигенција безбеден далечински пристап до ресурси за суперкомпјутери од светска класа, оптимизирани за вештачка интелигенција. Целосно интегрирана во екосистемот ЕуроХПЦ, мрежата има за цел да го прошири пристапот до таленти, инфраструктура и иновации за вештачка интелигенција низ цела Европа“, се посочува во соопштението на Комисијата,

Во него се додава дека во петокот ЕК соопшти дека кон европската инфраструктура за вештачка интелигенција се приклучиле 6 нови фабрики за вештачка интелигенција, со што нивниот вкупен број опфатен со мрежата се искачи 19 во 16 земји членки на ЕУ.

  • „Ова проширување го поттикнува Акцискиот план за Европа на вештачката интелигенција и ги надополнува инвестициите на ЕУ во идните гигафабрики за вештачка интелигенција, големите објекти посветени на развој и обука на напредни модели на вештачка интелигенција и гранични системи, истовремено усогласувајќи се со Стратегијата за примена на вештачката интелигенција за забрзување на воведувањето на вештачката интелигенција низ целата европска економија и јавниот сектор“, се додава во соопштението.

Најнови вести од: Регион

Бугарија во потрага по земјата која им ја блокира бугарската монета од 2 евра

Досега, Бугарија постојано го користеше неутралниот термин „кирилица“ во својата официјална комуникација со ЕУ, во проектите за евромонети и во меѓународните документи, но ненадејното нагласување на покатегоричниoт термин „бугарска азбука“

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори

Рама објави видео во градник и здолниште, додека граѓаните бараат стоп на проектот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

Бугарија да се извини за непризнавањето и репресијата врз македонското малцинство

Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија за македонското малцинство во Бугарија. 

Самоопределување пак победник, но Курти тешко дека ќе може сам да состави влада

Со речиси 100 проценти преброени гласови на последните избори во Косово, ажурираните резултати утрово потврдуваат убедлива победа на Движењето Самоопределување, кое води со 42,92% од гласовите, или 297.296 гласови

To top