Македонија

Бев осуден како масовен убиец, како терорист – вели Боки 13 за пресудата за „Меѓународен сојуз“

Боки 13 вели дека не е виновен за „Меѓународен сојуз“

Бев осуден по 9 години за „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, како масовен убиец, како терорист, вели осудениот за економски криминал и за рекет, Бојан Јовановски – Боки 13 во својот поткаст.

„И да сум сторил економски криминал, за кои јас денеска, и едниот и другиот случај ги негирам како дела, 9 + 9 не се запаметени“, вели Јовановски.

Вели дека нема да оди во затвор се уште, зошто не е правосилно осуден.

„Ова не е правосилна пресуда, ова е првостепена пресуда која има право на жалба. Имаме право на правни лекови кои се пред нас. Од таа причина ви велам, не одам во затвор, тука сум, функционален сум“, посочува Боки 13.

Обвинува за измислено обвинение од страна на поранешната обвинителска и шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

„Битие на кривично дело, доказ, не постои. За да ги сториш овие дела, треба да имаш прво умисла и намера тоа да го сториш. Тука се велеше дека имаме „наводен проект“, а се покажа дека имаме реален проект. Потоа, дека се користени лажни факти, а тие се вистините факти – имаме милион докази кои и на првичната и во повторената постапка беа презентирани, но судот не ги ценеше. При укинувањето на пресудата, имаше конкретни напатствија, да се утврди кој е оштетен, но и дали обвинетите со така преземени дејствија ги исполниле битијата на опишаните кривични дела и дали има елементи за кривичен прогон“, рече Боки 13.

Рече дека и на повторената постапка судела истата судијка – Софче Гавривола Ефремова која судела и на првата постапка, а која на воведните зборови кажала дека има оформено мислење за него и дека побарала од експретседателот на Кривичен суд, Иван Џолев побарала да биде изземена затоа што имала оформено мислење.

„Замислете, таква судијка ти дава прво 9 години, а на повтореното судење дава 5 години. Зошто го сменила мислењето“, додаде тој.

Боки 13 вели дека немал никаква намера да ги оштети бизнисмените за што беше осуден, со став дека имал такви докази, кои обвинува дека судот не ги ценел. Смета дека судијата кој веќе еднаш го осудил, нема да донесе поинаква одлука поради суета.

„Пред судот беа презентирани моите комуникации со лицето Зоран Заев, кој директно со мене учествувал на темите старечки домови и работа на Меѓународен сојуз. Учествувал во активна работа и изнаоѓање решенија за „Меѓународен сојуз“. Сите бизнисмени беа во комуникација со политичарите“, тврди Јовановски.

Вчера, во повторената постапка за „Меѓународен сојуз“, сите осудени добија помали казни. Јовановски од првичните 9 години, доби 5 години затворска казна за „измама“ и „перење пари“.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

Мицкоски: Владата е насочена да направи современо здравство, за кое ќе се издвојат рекордни над милијарда евра во 2026!

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор.

To top