Македонија

Коцевски да не крие дали Спасовски интервенирал за „Пулс“ да не плати казна од 40.000 евра на УЈП – бара ВМРО-ДПМНЕ

„ Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката „Пулс“ во Кочани платила казна од 40.000 евра на УЈП или сепак, како што се тврди во телефонската комуникација што излезе во јавноста, Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето, повторно повика ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството. Дали Спасовски ја спасил „Пулс“ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДСМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката „Пулс“, се додава во соопштението.

„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДСМ и на ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Западен Балкан заедно во ЕУ – никој не смее да остане на маргините

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа се обрати на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ во Брисел, организиран под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Успеа ли да заташка Коцевски над 40 предмети на СДСМ и ДУИ за корупција ?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи ја како тактички потег за да се избегнат непријатни дискусии во Собранието и вистината за неговото работење.

Жерновски и „мали Фрчко“добија функции во СДСМ, во игра е вратена и Ана Чупевска – кои се старо-новите лица на партијата

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.

Темата мигранти е измислена од СДС за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата

Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДС и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top