Македонија

Во Штип вечерва „Ѕвездено небо во чест на Панчо“

На Градскиот плоштад „Слобода“

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва во 20 часот во Штип. Граѓаните ќе се соберат на Градскиот плоштад „Слобода“ за да му оддадат почит на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера, по речиси седум месеци од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, им подлегна на повредите и почина.

-Затоа, во негова чест, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина и светлина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, претставува симболичен гест на благодарност и сеќавање, велат организаторите.

Повикот се шири масовно преку социјалните мрежи, со силна порака: „Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас.“ Организаторите ги повикуваат сите – и оние што го познаваа, и оние што сакаат да изразат сочувство, да дојдат и заеднички да го осветлат небото во негова чест.

Панчо е 63. жртва од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top